Нема трка, силен ветер во Куршевел
По досегашните три велеслаломи, Французинката Теса Ворли има најмногу бодови, 240 или 55 повеќе од Италијанката, Софија Гоџа и 75 во однос на Микаела Шифрин.

Женскиот велеслалом во француски Kуршевел е откажан поради силен ветер. Иако 19 скијачки го одработија првото возење, организатор процени дека нема регуларни услови за завршување на 13-та трка од Светскиот куп.
По досегашните три велеслаломи, Французинката Теса Ворли има најмногу бодови, 240 или 55 повеќе од Италијанката, Софија Гоџа и 75 во однос на Микаела Шифрин. Американката, пак е лидер во генералниот поредок со пет бода предност пред Швајцарската Лара Гут и 17 од словенечкото зиненадување, Илка Штухец.
Според распоредот, по Божикните празници, скијачките ќе се натпреваруваат во австријски Семеринг и тоа во велеслалом и слалом.
