Живот и борба во зимски услови – обука на Полкот за специјални операции

04.02.2014 17:50

Снежните услови беа предизвик за овие припадници на АРМ...

Снежните услови беа предизвик за овие припадници на АРМ да ја покажат својата подготвеност.

Пристигна тимот на полкот за специјални операции. Со тоа започнува претставувањето можностите на условите за живот и борба во зимски услови.

Прво своите вештини ги покажаа бијатлонците со тактички марш на скии со гаѓање.

Следуваше симулација на една од операциите на специјалната единица. Нападната беше непријателската позиција, при што беше демонстрирано и извлекувањето на повредените.

Изложена беше опремата која се користи во вакви услови: оружјето, моторните санки, специјално прилагодените возила, ски опремата...

Беа изградени и објекти од снег и гранки кои се користат за краток престој, какви што се и операциите на овој полк: брзи, краткотрајни и ефикасни.

Министерот за одбрана Џафери беше задоволен од подготвеноста за изведување активности без оглед на временските услови.

„Од она што можевме да го видиме во прикажаното, покажува дека војниците и старешините се подготвени да ги извршуваат соодветно сите поставени задачи пред нив“, изјави министерот за одбрана, Талат Џафери.

На вежновните активности учествуваа 50-тина припадници на АРМ.

„Низ фазата на обука во отежнати зимски и планински услови – живот, работа и извршување борбени операции, целокупниот персонал помина неколку денови“, рече Васко Ѓурчиновски, командант на Полк за специјални операции.

Оваа оглед на тактичка вежба е почеток на одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на специјалните единици на АРМ, што ќе биде одбележано на 1-ви март.

Зоран Јованоски