ОМД: Партиските лидери да се фокусираат на националните интереси
Крајно време е сите политички лидери во Македонија да ја стават државата и нејзините граѓани на прво место, а воедно да се воздржат од говорот на омраза, се вели во соопштението.

Обединетата Македонска дијаспора апелира до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ги остават личните интереси и да се фокусираат на националните и државните интереси.
Крајно време е сите политички лидери во Македонија да ја стават државата и нејзините граѓани на прво место, а воедно да се воздржат од говорот на омраза, се вели во соопштението. Само во тој случај, сите жители во државата ќе се чувствуваат рамноправни, а како резултат на тоа, повиците и идеите на некои политички лидери за двојазичност, кантонизација и федерализација на државата ќе згаснат и ќе бидат побиени од самите жители на државата, стои во дописот од ОМД.
Оттаму ги повикуваат и странските дипломати во Македонија да се воздржат од евентуални интервенции во внатрешната политика на државата, особено, како што се вели, во било каква форма на притисок врз лидерите на политичките партии околу составот на идната влада.
Според ОМД, на Македонија и е потребна одговорна влада и конструктивна и ефективна опозиција.
