Експлозија во Мексико: Загинаа над 30 лица, 70 се повредени

21.12.2016 11:28

Сѐ уште не се знае што ја предизвикало првата експлозија.

Над 30 лица загинаа, а 70 се повредени во серија експлозии на пазар за пиротехника во Тултепак, во Мексико. Пиротехниката била подготвена за претстојните католички Божикни празници.

Сѐ уште не се знае што ја предизвикало првата експлозија. Изработката на пиротехника е главната индустриска гранка во Тултепак. Во 2005 година, на овој пазар се случи сличен инцидент во кој беа повредени десетици луѓе.