Николиќ ги прими акредититвите на новата македонска амбасадорка во Белград
04.02.2014 18:10
Новиот Вонреден и ополномошен амбасадор на Република Македонија во Белград-Вера Јовановска Типко, ги предаде акредитивните писма на претседателот Николиќ...

Новиот Вонреден и ополномошен амбасадор на Република Македонија во Белград-Вера Јовановска Типко, ги предаде акредитивните писма на претседателот Николиќ. Во таа пригода Јовановска Типко изјави дека Србија во Македонија има искрен сосед и партнер, кој во контиуитет ја подржува и со која ќе продолжи да ги дели европските вредности и принципи. Притоа новиот македонски амбасадор, ги оцени односите како традиционално блиски –додавајќи дека постојат и нескористени потенцијали кои треба да се развијат.
На церемонијата, Претседателот Томислав Николиќ изјави дека добрососедските односи се еден од приоритетите на Србија, која силно ќе продолжи да ги подржува активностите за надминување на разликите и потикнување на сето она што е заедничко за српскиот и македонскиот народ.
Потребата на нашите две земји за меѓусебна подршка и за поголем степен на поврзување, доаѓа уште повеќе до израз на патот кон нашата заедничка цел, членството во ЕУ-потенцираше Николиќ!
Вера Јовановска Типко е 5-ти македонски амбасадор во Србија.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ
