По трет пат одложено судското рочиште против Павле Богоевски

21.12.2016 11:39

Причина за одложувањето, беше отсуството на неговиот бранител Сашо Дуковски поради лични причини.

Одложено и третото судско рочиште против Павле Богоевски кој се товари за нанесување штета на Министерството за култура при протестите на Шарената револуција.

Причина за одложувањето, беше отсуството на неговиот бранител Сашо Дуковски поради лични причини. На покана на судот, за првпат се појави и претставник од државното правобранителство, а присуствуваше и претставник од Министерството за култура за да се произнесе за настанатата штета.

Претходното рочиште се одложи на барање на одбраната, за да го разгледа вештачењето за штетата.

Судскиот процес против Богоевски ќе продолжи на 30-ти јануари.