Сирија: Одобрен мониторинг тимот од ОН за источно Алепо
21.12.2016 11:56
Обединетите нации очекуваат од сите страни во конфликтот да го одобрат пристапот до пратките со хуманитарна помош за градот.

Сириската влада го одобри мониторинг тимот од Обединетите нации за источно Алепо. 20 набљудувачи ќе ја следат евакуацијата на населението и бунтовниците.
Обединетите нации очекуваат од сите страни во конфликтот да го одобрат пристапот до пратките со хуманитарна помош за градот. Цивилното население е под опсада од јули.
