Убиецот од Берлин е момче од Тунис?

21.12.2016 12:33

Осомничениот бил познат под различни имиња и различни датуми на раѓање. По него е распишана потреница. На совозачкото место во камионот бил и еден полјак, кој бил пронајден мртов.

Германската полиција дошла до нови информации за убиецот од Берлин. По детален претрес на камионот, биле откриени траги кои укажуваат на 24-годишно момче од Тунис.

Осомничениот бил познат под различни имиња и различни датуми на раѓање. По него е распишана потреница. На совозачкото место во камионот бил и еден полјак, кој бил пронајден мртов.

Медиумите наведуваат дека и можело да се работи за лице кое работело за полска фирма, а со кое компанијата загубила контакт во понеделникот попладне.

Одговорноста за нападот вчера го презеде Исламска држава.