Кирби: Вашингтон загрижен за политичките тензии во Македонија

21.12.2016 12:46

САД се подготвени да помогнат за македонските евроатлански интеграции.

Упатуваме апел до политичките лидери во Македонија да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање кредибилна и стабилна влада. Ова е ставот на Стејт Департментот што го пренесе портпаролот Кирби. САД се подготвени да помогнат за македонските евроатлански интеграции.

Ние сме загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември и ја осудуваме провокативната реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија. Ги повикуваме политичките лидери да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање на кредибилна и стабилна влада, посветена на владеењето на правото, одговорноста и основните слободи. САД се подготвени да и помогнат на една таква влада за да се постигне долгорочната цел за евроатлантска интеграција, рече портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби.