Затворени улиците пред Бакингемската палата
21.12.2016 13:04
Затворањето на улиците секако било планирано, но оваа мерка е воведена порано поради нападот во Берлин.

Улиците пред Бакингемската палата од денеска ќе бидат затворени за време на смената на стражарите, а мерката е воведена по нападот со камион на Божиќниот базар во Берлин.
Полицијата нагласи дека таа мерка е неопходна поради тоа што таа локација привлекува голем број посетители. Затворањето на улиците секако било планирано, но оваа мерка е воведена порано поради нападот во Берлин.
Полицијата наведе дека разгледува уште некои безбедносни мерки, бидејќи е проценето дека „има голема можност да дојде до терористички напад“.
