Избрани најдобрите трговски објекти во Скопје за 2016-та година

21.12.2016 13:18

Проектот „Месец на трговијата“ има цел да го поттикне добриот однос на персоналот, да ја подобри услугата и секако да се подобри прометот. Прогласени победниците за најдобри трговски објекти.

„Довидување“ е обичен збор што значи многу и остава впечаток. Проектот „Месец на трговијата“ има токму таква цел, да го поттикне добриот однос на персоналот, да ја подобри услугата и секако да се подобри прометот. Прогласени победниците за најдобри трговски објекти.

„Целта на оваа манифестација е да се поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на Скопје“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

„Свот рисрч“ преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговците според примарните критериуми и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности.

Во категоријата „Модни додатоци и накит“ најдобри трговски објекти се Божиновски, Б - Воч и Златар Тони, во категоријата „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“ се Агротехна, Нептун и Елипсо, во категоријата „Компјутерска, аудио, аудио - видео и телекомуникациска опрема“ - Телеком продавница, Сони Галерија и НИКО КОМПЈУТЕРИ.

Според оценките на тајните купувачи, во категоријата „Бутици“ најдобри трговски објекти се Бела, Хуго Бос и Кеги Шуз, во категоријата „Парфимерии и козметика “ Шатци, Ри-Ма и L' OCCITANE, а во категоријата „Салони за мебел“ Кристина Дамил, Акрон и Технокооп.

Во категоријата „Супермаркети“ за најдобри трговски објекти се прогласени Гранап, Рамстор и Тинекс.