Книга на жалост за жртвите од терористичкиот напад во Берлин

21.12.2016 13:50

Јавноста ќе има можност да го изрази своето сочувство во просториите на германската Амбасада од 21 до 22 декември 2016 година од 09 до 16 часот...

Германската амбасада во Скопје отвори книга на жалост за сочувство за жртвите од терористичкиот напад во Берлин што се случи пред два дена.

Јавноста ќе има можност да го изрази своето сочувство во просториите на германската Амбасада од 21 до 22 декември 2016 година од 09 до 16 часот, а на 23 декември 2016 година од 09 до 12 часот, информираат од Амбасадата.