Центарот за култура- столб на културно уметничките случувања во Битола
Битолскиот Центар на културата зад себе остава уште една успешна година. Со просек од два настани на ден оставнува главниот организатор на културно-уметничките збиднувања. Настаните ги посетиле над 120.000 посетители од кои една третина се љубители на филмската уметност.

Од обични детски престави до престижни интернационални фестивали. Со просек од два организирани настани на ден Центарот за култура останува главниот столб на културно- уметничките случувања во Битола. Настаните кои годинава биле во директна нивна организација или биле подржани од нив, ги посетиле над 120.000 луѓе. Посетителите главно се задоволни од понудениот квалитет и квантитет но има и такви кои апелираат да се размислува за уште побогата програма.
„Центарот за култура ги оправдува очекувањата, ние како семојство сме редовни посетители. Еве и мојата најмала ќерка денес ја носам тука на предновогодишната претстава“, вели една радовна посетителка.
„Може и подобро, треба повеке концерти и други содржини. Битола заслужува поголемо културно внимание“, вели една битолчанка.
„Основноте потреби се задоволуваат. Не е на одмет да се размислува за уште подинамична програмска шема“, вели друга сограѓанка.
Со отпочнувањето на работата на 3D киното последниве години се почести гости се и вљубениците во филмската уметност. Иако светската филмска понуда не ги исполнала очекувањата, од Центарот за култура велат дека од светската кинематографија за годинава понудиле над сто нови филмски наслови.
„Со филмската понуда навистина можеме да се пофалиме. На 600 проекции присуствувале околу 40.000 публика, а ако тука ги додадеме и оние кои беа дел од збиднувањата на Браќа Манаки, бројката на посетители изнесува околу 50.000“, вели директорот на Центарот за култура, Борче Димировски.
Успешен акцент може да се стави и на музичко- сценската дејност. Посебен впечаток оставија фестивалот „Музика од светот“ и концертите на кој настапија еминентни имиња од земјава и странство. Организаторот на Републичкиот фестивал „Илинденски денови“ и единствениот фестивал во земјава на монодрамата, по традиција на два дена пред Новата година, како последен настан го има предновогодишниот концерт во изведба на камерниот оркестар.
Стевче Митревски
