Сирија: Тројца турски војници убиени, 11 повредени во борби

21.12.2016 14:10

Турција ја започна операцијата „Еуфратски штит“ на 24 август во северна Сирија, со цел да го прочисти регионот од борците на ИД и од сириската курдска милиција сили за заштита на народот.

Тројца турски војници се убиени и 11 се ранети денеска во борбите покрај градот Ал Баб во северна Сирија. Според информациите, состојбата на еден од повредените е критична.

Турција ја започна операцијата „Еуфратски штит“ на 24 август во северна Сирија, со цел да го прочисти регионот од борците на ИД и од сириската курдска милиција сили за заштита на народот.

Во операцијата досега загинаа 24 турски војници. Во меѓувреме сириската влада го одобри мониторинг тимот од Обединетите нации за источно Алепо.