Отворен првиот Центар за лица со оштетен вид во Црвениот крст на Македонија

21.12.2016 14:37

Ќе работи секој ден, а во план е слични центри да се отворат и во другите градови.

Во Македонија има околу 2.300 луѓе кои имаат оштетен вид. Во Скопје, во просториите на Црвениот крст, е отворен првиот центар за поддршка на луѓе со оштетен вид во Македонија. Ќе работи секој ден, а во план е слични центри да се отворат и во другите градови.

Според секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Т. Пауновска целта на Центарот е да се обезбедат социјални сервиси, услуги и услови на лицата со оштетен вид и нивните семејства и да им се олесни животот и финкционирањето во општеството.

Сметаме дека општеството треба да даде еднакви можности за сите луѓе. Сите заедно можеме да ги искористиме капацитетите на лицата со оштетен вид и заедно со сите останати да придоесеме во заедницата во која жевееме да биде подобро место за живот, истакна Пауновска.

Информира дека во Центарот, слепите лица ќе имаат можност да користат материјали кои ќе бидат испечатени на Браево писмо, на македонски и албански јазик.

Директорот на канцеларијата за развој во УСАИД Едвард Гонзалез истакна дека луѓето со пречки во видот се многу талентирани лица и со нивната вклученот, според него, целото општество ќе постигне напредок.