Сто вработувања догодина во специјалната болница „Филип Втори“

21.12.2016 14:44

Во новиот објект од јуни до сега извршени се 1.500 операции. Воведени се нови дијагностички процедури кои се попрецизни, и со зрачење кое е за 10 пати помало.

Сто вработувања од различни профили ќе има идната година во специјалната болница „Филип Втори“ - најави директорот, доктор Жан Митрев. Според него, во новиот објект од јуни до сега извршени се 1.500 операции.  Воведени се нови дијагностички процедури кои се попрецизни, и со зрачење кое е за 10 пати помало.

Воведени се нови процедури како што е магнетната резонанца со нови побрзи, бесшумни испитувања и апаратот има многу големи можности во однос на дијагностиката. Вакви и слични испитувања во однос на перфузија на мозокот, прикажување на нервите на мозочното стебло, перфузија на срце и други органи се од огромно дијагностичко значење и тие во регионот досега не се направени, изјави д-р Митрев.

Потенцира дека апаратот има и уникатна опција, која е најнова технологија со која може да се испитува виталност на најмалите активности на тумор клетки