Убиецот од Берлин е момче од Тунис?
Станува збор за момче на возраст меѓу 21 и 23 години. Од порано и бил познат на полицијата за нанесување тешки телесни повреди и е окарактеризиран како опасна личност. Полицијата предупредува дека е дел од голем исламистичка мрежа.
Берлинската полиција објави фотографија од осомничениот тунижанин чии документи беа пронајдени во камионот кој усмрти 12 лица на Божиќниот базар во Берлин. Станува збор за момче на возраст меѓу 21 и 23 години. Од порано и бил познат на полицијата за нанесување тешки телесни повреди и е окарактеризиран како опасна личност. Полицијата предупредува дека е дел од голем исламистичка мрежа. Додека е во тек потрагата по него, во медиумите постојано излегуваат нови информации за него. Меѓудругото, се појавил податокот дека тој требало да биде протеран од Германија. Бил познат под различни имиња и различни датуми на раѓање. Медиумите наведуваат дека би можело да се работи за лице кое работело за полска фирма, а со кое компанијата загубила контакт во понеделникот попладне. Во меѓувреме, одговорноста за нападот го презеде Исламска држава.
„Не можам да кажам каква ќе биде иднината на човештвото. Чувствувам дека одиме во правец кој не е добар за никого.“
„Може да бидете на погрешно место, во погрешно време. Тоа им се случи на некои луѓе. Но животот мора да продолжи понатаму. Не смееме да се плашиме, бидејќи тоа значи дека тие победиле. Тие не смеат да победат“, велат жители на Берлин.
Германската сојузна криминалистичка служба за пријавување информации за нападот на Божиќниот пазар во Берлин соопшти дека била хакирана нејзината интернет-страница вчера помеѓу 17 и 19:30 часот. Во моментов е вратена во функција, а истрагата за случајот е во тек.
Марина Автовска
