Брисел: Усвоени мерки за борба против тероризмот
Замрзнување на банкарските сметки и конфискација на имотот на осомничените – Европската Комисија го усвои пакетот мерки за зајакнување на борбата против финансирање на тероризмот.

Европската Комисија го усвои пакетот на мерки за зајакнување на капацитетот на ЕУ за борба против финансирањето на тероризмот и организираниот криминал. Предлозите во целост ќе ја зајакнат правната рамка во областа на перењето на пари како и замрзнување и конфискација на имотот. Според европските претставници, овие мерки ќе ги отежнат активносите во делот на финансирање на терористите, додека пак на властите ќе им овозмозат навремено откривање и спречување на нивните финансиски движења.
„Борбата со тероризмот во Европа е возможна само ако полицијата и судските власти соработуваат побрзо и интензивно. Ова е нашиот прдлог што се однесува на замрзување и кофискација на имотот. Благодарение на новиот закон на взаемно препознавање кој го предлагаме денес, банкарските сметки на осомничените, како што се овие радикални луѓе кои подготвуваат терористички акт во било која држава членка, ќе бидат замрзанати 48 часа“, вели Вера Јоурова, еврокомесар за правда и родова еднаквост.
Новите закони ќе овозможат поголем опсег на делување на царинските органи кога постојат индиции дека станува збор за пари поврзани со криминални активности. Во пакетот мерки е конфискација на имотот на осомничените, како истиот не би можел да се користи од страна на неговите најблиски роднини и соработници, како и нови правила во обештетувањето на семејствата на настраданите од терористичките акти.
„Овие мерки кои ги усвоивме денес, го стеснуваат просторот на делување на терористите, иако во целост не го отстарнуваат ризикот“, смета Јулиен Кинг, еврокомесар за безбедност.
Комисијата предлага да се зајакне оперативната ефикасност и на Шенгенскиот информациски систем. Новите правила овозможуваат поефикасна размена на информациите меѓу земјите- членки и контрола на миграцијата, со што ќе се зголеми бебзедноста на европските граѓани- истакна еврокомесарот Аврамопулос.
„Со денешните мерки се прошири опсегот на Шенгенскиот информациски систем, се затвораат дупките во информациските текови, се подобрува размента на информации во делот на тероризамот, меѓуграничниот криминал и нелегалната миграција. Сѐ на сѐ придонесува до зајакнување на контролата на надворешните граници на ЕУ“, смета еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.
Тоа значи дека во иднина ќе се користат фотографии, отпечатоци од дланките за утврдување на идентитетот на лицата кои влегуваат во Шенген зоната.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
