Продолжува евакуацијата во Алепо
22.12.2016 10:10
Лошите временски услови уште повеќе ја отежнаа операцијата. Според Црвениот крст, најмалку 25.000 се евакуирани од Алепо.

Продолжува евакуацијата од последната енклава под контрола на бунтовничките сили во источно Алепо откако процесот беше прекинат поради процедурални причини, тврдат невладините активсти и провладини медиуми.
Лошите временски услови уште повеќе ја отежнаа операцијата. Според Црвениот крст, најмалку 25.000 се евакуирани од Алепо. Повторното заземање на овој град би била една од најважните победи на силите на претседателот Асад и на сојузничките земји Иран и Русија.
ОН усвоија резолуција за праќање 20 набљудувачи во Сирија, но не дефинираа кога точно ќе пристигне тимот.
