Берлин: 100 илјади евра за информации за осомничениот Анис Амри
Во инцидентот на божиќниот пазар беа повредени 48 луѓе откако Амри со камион влета во масата народ. На местото на нападот беше одржан антимигрантски протест од Националната демократска партија.
Властите во Германија понудија 100 илјади евра за информации за Тунижанецот Анис Амри, осомничен за берлинскиот напад во кој загинаа 12 лица. Во инцидентот на божиќниот пазар беа повредени 48 луѓе откако Амри со камион влета во масата народ. На местото на нападот беше одржан антимигрантски протест од Националната демократска партија.
„Сега гледаме ситуација во која владеат стравот и насилството, нешто што ниту имавме ниту сакавме да ни се случи. Јас не го гледам вака современото општество.“
„Во Сирија и во Авганистан веќе има доволно безбедни точки. Бегалците веќе не мора да доаѓаат овде“, велат демонстрантите.
Според „Њујорк Тајмс“, Тунижанецот пребарувал на интернет како се прават бомби, а комуницирал и со Исламска држава.
