Авганистанските сили ќе добијат 390 милиони долари од НАТО
22.12.2016 11:47
Со планот е предвидено финансирање на над 37 проекти за војската, вклучувајќи ги платите, логистичката поддршка, медицинските потреби и обуките.

НАТО одобри фонд од 390 милиони долари за спроведување на планот за поддршка на авганистанските сили. Со планот е предвидено финансирање на над 37 проекти за војската, вклучувајќи ги платите, логистичката поддршка, медицинските потреби и обуките.
На јулскиот самит во Варшава, НАТО сојузниците решија да ја продолжат мисијата „Решителна поддршка“ и потврдија дека ќе ги финансираат американските оружени сили до 2020 година.
