Судски совет: Вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховен и на Кривичен суд

22.12.2016 12:01

Изборот на нови претседатели на Врховен и на Кривичен суд требаше да се случи на 4-ти декември, кога им истече мандатот на Лидија Неделкова и на Владимир Панчевски, но се одложи поради предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11-ти декември.

Во Судски совет на затворена седница за јавноста вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот, на Скопскиот кривичен, на Основниот суд во Тетово и на Апелацискиот во Штип.

Во ноември кандидатите беа вонредно оценувани од посебна Комисија поради тоа што оценките за нивната работа биле од 2013 и 2014 година. Изборот на нови претседатели на Врховен и на Кривичен суд требаше да се случи на 4-ти декември, кога им истече мандатот на Лидија Неделкова и на Владимир Панчевски, но се одложи поради предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11-ти декември.

На 5-ти месецов, Судскиот совет ги избра Снежана Бајлозова за в.д. претседател на Врховниот и Татјана Михајлова за в.д. претседател на скопскиот Основен суд.

Кандидати за претседатели на Кривичниот суд се Владимир Панчевски, Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев, а за прв човек на Врховен претендираат Лидија Неделкова, Снежана Бајлозова, Беса Адеми и Јово Вангеловски.