Инвестирајте во Охрид!
Со издавањето на брошурата „Инвестирајте во Охрид“, на идните инвеститори им се овозможува на едно место да ги согледаат сите можности на општината...

Со издавањето на брошурата „Инвестирајте во Охрид“, на идните инвеститори им се овозможува на едно место да ги согледаат сите можности на општината. Поради поголема прегледност и ефикасност инвестициските планови и стратегиите за развој се поделени во неколку области,меѓу кои се можностите за инвестирање во туризмот,индустријата,трговијата,агробизнисот и слично.
„Паралелно со промоцијата на можностите за инвестирање во туризмот Секторот за урбанизам во општина Охрид работи забрзано на изработка на планска документација,се со цел доколку уште утре се појави некоја приватна иницијатива или интерес за инвестирање во туризмот ние да бидеме подготвени“, вели Никола Бакрачески-градоначалник на Охрид.
Во соработка со Агенцијата за странски инвестиции во електронска верзија брошурата е веќе дистрибуирана до сите економски промотори на Република македонија во светот.
„Во брошурата „Инвестирајте во Охрид“ се застапени 12 проекти од областа на туризмот, два од агробизнисот, две индустриски зони и една браунфилд инвестиција. Мислам дека оваа бројка ќе се зголемува во однос на прибирање на нови проекти“, изјави Ѓоко Апостолов од Сектор за туризам и локален-економски развој.
Охридската локална самоуправа во изминатите месеци имаше интензивни контакти со домашни и странски стопанственици кои најавија инвестиции во областа на хотелиерството,здравствениот туризам и агробизнисот.
Сашо Нелоски
