ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже за да го одложи рочиштето за случајот „Поткуп“

22.12.2016 12:19

Според партијата, Заев излажал и кога барал изземање на обвинителот, со тврдење дека против него се води кривична постапка.

Зоран Заев, под целосна материјална и морална одговорност, го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, со цел да го одложи рочиштето за случајот „Поткуп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Заев излажал и кога барал изземање на обвинителот, со тврдење дека против него се води кривична постапка.

„Институциите не смеат веќе да ги толерираат манипулациите на патолошките лажговци. Заев мора да одговара за изнудата врз струмичкиот бизнисмен. Само од овој рекет, Заев се товари дека сакал да се збогати за дополнителни речиси 200 000 евра. Ова е истиот Заев кој е аболициран за криминал тежок над 7 милиони евра за случајот Глобал“, соопштија на денешната прес- конференција од ВМРО-ДПМНЕ.