Зголемена смртност од аерозагадувањето
22.12.2016 12:37
Македонија ја има петтата најголема стапка на смртност во Европа од загадување на воздухот од ситни честички ПМ 10.

Зголемена е смртноста од аерозагадувањето, од 1.000 до 1.200 смртни случаи има на годишно ниво велат од Институтот за јавно здравје. Македонија ја има петтата најголема стапка на смртност во Европа од загадување на воздухот од ситни честички ПМ 10.
Се одржа прва научна конференција за аерозагадувањето која има за цел да се поттикне дискусија помеѓу граѓаните и експертите во насока на изнаоѓање заеднички решенија за овој проблем.
Експертите велат дека потребнo e да се превземат долгорочни мерки.
