Кампања за мирни и безбедни Новогодишни и Божикни празници

22.12.2016 14:39

Безбедна 2017-та, МВР почнува кампања за мирни и безбедни Новогодишни и Божикни празници. Со кампањата се укажува на граѓаните за опасноста од употребата на пиротехничките средства. МВР особено ќе работи на подигање на свеста кај малолетниците.

Ова е само презентација, што може да ви се случи кога би запалиле петарда. Децата често пројавуваат желба да го сторат тоа, притоа незнаејќи ги последиците од неа.

Во пресрет на 2017-та, СВР Скопје и Црвениот крст со превентивни активности. Подигање на свеста кај граѓаните, особено малолетниците за опасноста од употребата на пиротехника е главна цел. Апелираат за среќни и безбедни празници во семејно и пријателско дружење, без петарди, оружје и насилство. Кампањата насловена „Среќна и безбедна 2017-та“.

Надлежните им сугерираат на младите дека не треба да се впуштаат во забави кои може да завршат со трагични последици, туку да изнајдат поинтересна забава.

Употребувајќи пиротехнички средства во изминатите години многумина се здобиле со траен инвалидитет. Кампањата почна од основното училиште „Тефејуз“. И полицијата со низа активности за спречување на продажбата на пиротехнични средства.

 

Наташа Гркова- Петрушевска