Два виртулени оператори го скенираат мобилниот пазар во Македонија

22.12.2016 14:45

Два виртуелни оператори отвораат терен за влез на мобилниот пазар во Македонија. Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) велат, едниот познат бренд во светски рамки, ја потврдил одлуката. Фрекфентен простор и можности има, евентуланиот влез на трет фиксен оператор во земјава зависи од бизнис интересите на инвеститорите, велат надлежните.

Два виртуелни оператори го скенираат мобилниот пазар во Македонија. Едниот, познат светски бренд ја потврдил одлуката да почне бизнис во држава, велат од Агенцијата за електронски комуникации. Не откриваат детали. По спроведените анализи тврдат дека трендот на зголемување на цените во телефонијата е стабилизиран, мрежите и услугите на двете телекомуникациски компании се подобриле. Очекуваат влезот на нов виртуелен оператор дополнително да влијае на ценовната политика во интерес на граѓаните.

„Годинава имавме влез на еден виртуелен мобилен оператор. Има преговори за влез на уште два вируелни оператора во текот на наредната година кои колку толку ќе ја подобрат конкуренцијата. Едниот од нив, голем на светско ниво, веќе беше на состанок кај нас и ја потврди одлуката на менаџментот дека влегуваат во Македонија. Во скоро време треба да се разрешат уште некои технички работи и очекуваме наскоро да почне со работа. Трендот на зголемување на цените е стабилизиран. Сепак, има појави на понуда на пакети во кои се исклучени некои дополнителни бонуси кои претходно ги имало што значи дека немаме директно зголемување на цените, туку суптилни промени кои на крајот условно доведуваат до констатација дека некои услуги се поскапени“, вели Сашо Димитријовски, директор на АЕК.

Од АЕК тврдат- се работи на ослободување фрекфентен простор и конкурентска средина за влез на трет мобилен оператор, дали ке има зависи од бизнис интересите на странските оператори. На адреса на Агенцијата и годинава, пристигнале голем број поплаки од грагани за високите сметки што ги добивале од операторите, се намалиле жалбите за високите суми во роаминг. Во јули следната година, следува третото намалување на цените за разговори меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна. Се преговара и Албанија да се приклучи кон договорот.

 

Сузана Фиданска- Стоевска