Од идната година специјални поволни понуди за одмор на Златибор
По подолги преговори Сојузот на стопанските комори потпиша меморандум за соработка. Целта е да се претстават двете земји меѓусебно, да се нудат атрактивни македонски и српски дестинации. Дел од понудите ќе бидат достапни за двете сезони.

Македонските туристи од идната година ќе добијат можност по повластени цени да зимуваат во најпосетуваниот зимски центар во Србија, Златибор. По подолги преговори Сојузот на стопанските комори потпиша меморандум за соработка. Целта е да се претстават двете земји меѓусебно, да се нудат атрактивни македонски и српски дестинации. Дел од понудите ќе бидат достапни за двете сезони.
За претстојните новогодишни празници за Златибор се веќе договорени три автобуси. Овој туристички центар годишно привлекува до 250.000 гости. Лани бројот на посетители од Македонија значително се зголемил што било дополнителен стимул за претставување на овој пазар.
„Протоколот за соработка ќе ги унапреди и онака добрите односи. Златибор за новогодишните празници ќе го посетат околу 25.000 туристи имаме контакти со партнерите од Македонија, од каде се очекуваат гости. Златибор е подеднакво атрактивен и во зима и во лето. Очекуваме гости од цел регион“, вели Владимир Живановиќ, туристичка агенција Златибор.
Златибор годишно го посетуваат околу 3.000 македонски туристи. Подобрувањето на туристичката соработка е од голема важност за економиите.
Дијана Ценевска
