13 ирачки војници загинаа во близина на Рамади
22.12.2016 15:13
Автомобил-бомба експлодирал во колона од воени возила во близина на Рамади, административниот центар на западната провинција Анбар.

Најмалку 13 ирачки војници загинаа во самоубиствен напад западно од престолнината Багдад. Автомобил-бомба експлодирал во колона од воени возила во близина на Рамади, административниот центар на западната провинција Анбар.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за нападот и жртвите.
