ЕУ очекува мирно завршување на изборниот процес и да се формира Влада
22.12.2016 15:18
Гласноговорничката на Еврокомисијата додаде дека унијата очекува од сите политички лидери во Македонија да покажат најголема одговорност.

Европската унија очекува сите партии да учествуваат на мирен начин на прегласувањето, за да заврши изборниот процес и да се формира новиот парламент и да се избере влада, изјави портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич.
Гласноговорничката на Еврокомисијата додаде дека унијата очекува од сите политички лидери во Македонија да покажат најголема одговорност.
Европската Комисија ја осудува секоја запаллива и опасна реторика, бидејќи таа, како што додаде Коцијанчич, ја движи земјата уште подалеку од евроатлантскиот пат.
