Културно- историското наследство поблиску до лицата со инвалидност

22.12.2016 16:26

Преку проектот „Музеј за сите, Музеј за понесување“ подржан од балканската мрежа на музеи. Културно наслество без граници, битолскиот Завод и музеј започна практично до лицата со инвалидност да го доближува културно-историското наследство.

„Музеј за сите, Музеј за понесување“ проект преку кој битолскиот Завод и музеј осознавањето на културно- историското наследство го прави подостапно за лицата со инвалидност. На првата работилница децата од специјалниот Завод за деца со оштетен вид и слух „Кочо Рацин“ имаа можност од глина да изработат дел од презентираните експонати, а својата прва лекција ја имаа и од Здружението на слепи лица по претходно подготвените тактилни мапи и текстови на Брајовото писмо.

„Тоа се печатени текстови, првиот беше посветен на ковчезите и каселите што ги користеле порано луѓето за чување на своите предмети или покуќнина“, вели Владо Димитровски, претседател на Здружението на слепи лица од Битола. 

Проектот е поддржан од Балканската мрежа на музеи. Целта е преку размена на искуствата и соодветни обуки да се спроведува мотото „Културно историско наследство без граници“.

„Денеска сум тука од практични работи, дојдов да одржам обука на тактилни мапи, слики и модели. Несебично ќе го пренесам моето знаење на колегите од Битола кои понатаму ќе излегуваат во пресрет на луѓето со инвалидност“, изјави Татјана Мијатовиќ од музејот во Загреб.

„Целта ни е постојана промена на експонатите од музеите со кои соработуваме и самиот куфер, не е обичен туку касела која е од нашата музејска поставка и е приказна за себе“, изјави Ирена Ружин од музејот во Битола.

„Од куферот има доволно да учиме едни од други, а со овој проект да излеземе од нашите матични институции и да се доближиме не само до лицата со инвалидност туку и до децата и старите лица од руралните средини кои неможат да ги посетуваат музеите“, изјави Милена Милошевиќ- Мициќ, виш кустос од Кнажевац.

Од битолскиот Завод и музеј велат дека се задоволни што се меѓу првите музеи што ги набавиле ветените помагала за лицата со инвалидност со што нивниот престој ќе биде попријатен, а со денешниот Меморандум потпишан со засегнатите страни, бројот на посетители од овие категории да оди во нагорна линија како и осознавањето на културно- историско наследство.

 

Стевче Митревски