Обезбедена иднината на професионалните војници

04.02.2014 19:03

Во собраниската комисија за одбрана и безбедност консензуално прифатен амандманот на парламентарното мнозинство за измени во Законот за служба во Армијата. Професионалните војници по навршени 45 години старост ќе бидат распоредени во државната администрација.

Ретроактивното важење на законот доаѓа по предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ,со што се решава социјалниот статус на 234 професионални војници.Во три наврати,во 2002, 2007, и во 2012 се подигнуваше старосната граница за служба во АРМ на 35, 38 и 45 години.

Конечниот филтер на предлог измените во законот за служба во Армијата е на пленарната собраниска седница.

Наташа Јанчиќ