Ле Пен: Ќе организирам референдум за напуштање на ЕУ
22.12.2016 16:40
Според неа, Унијата ќе се распадне доколку Франција гласа за напуштање на ЕУ.

Лидерот на француската десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен изјави денеска дека ако победи на претседателските избори во Франција следната година, ќе организира референдум за излегување на државата од Европската унија.
Според неа, Унијата ќе се распадне доколку Франција гласа за напуштање на ЕУ. Таа вели дека Франција ќе мора да ја напушти ЕУ доколку Унијата не почне да прави отстапки, и преговорите со Брисел не успеат.
Порача дека ќе ги прекине сакциите кон Русија бидејќи за неа тие се неефикасни и ѝ штетат на француската економија.
