ДИК: Гласачкото ливче останува исто за прегласувањето во Теарце

23.12.2016 10:21

И покрај најавите дека нема да учествуваат на прегласувањето, носителот и кандидатите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стојат под реден број еден. Кандидатските листи се потврдени и тие остануваат исти како и за гласањето на 11-ти декември.

За прегласувањето на едно избирачко место в недела во Теарце, гласачкото ливче останува исто, потврдуваат од Државната изборна комисија.

Тоа значи дека и покрај најавите дека нема да учествуваат на прегласувањето, носителот и кандидатите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стојат под реден број еден.

Кандидатските листи се потврдени и тие остануваат исти како и за гласањето на 11-ти декември. На избирачкото место 2011, каде што ќе се прегласува, запишани се 714 гласачи.