Тачи поднесе оставка од функцијата претседател на ДПА
23.12.2016 10:24
Оставката, која Тачи ја соопшти преку својата официјална Фесјбук страна, е последица на, како што пишува, поразот што партијата го доживеала на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Оставката, која Тачи ја соопшти преку својата официјална Фесјбук страна, е последица на, како што пишува, поразот што партијата го доживеала на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
Демократската партија на Албанците колективно до вонредниот конгрес, ќе ја води управниот одбор. За координатор на активностите именуван е генералниот секретар, Азем Садику.
