Јанукович се премислува околу вонредни избори
Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон по втор пат пристигна во Киев во обид да ја оконча кризата...

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон по втор пат пристигна во Киев во обид да ја оконча кризата. Вашингтон и Брисел понудија Маршалов план , но за да се реализира , од Киев побараа демократски реформи и формирање на нова влада.
-Унијата сака да помогне или по пат на зајмови од Европската Централна банка или како макрофинасиска помош, рече Жозе Мануел Баросо, претседател на ЕК.
И за Американците првиот чекор за помошта е формирање на преодна влада па потоа ќе се види за каков вид подршка ќе стане збор.
Германија пак најавува санкции доколку Киев го одбие решението во конфликот со опозицијата.
-Санкциите засега ќе ги користиме како закана. Но состојбата е збунувачка , бидејќи земјата и натаму е буре барут. Се надевам дека ниту една страна нема да го запали фитилот, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.
Американските пак аналитичари сепак сметаат дека клучот на украинската криза се наоѓа меѓу Москва и Вашингтон и меѓу Брисел и Киев . Можеби и затоа неодамна Унијата на Москва и понуди создавање слободна економска зона од Пацификот до Атлантикот , со цел ја смири напнатоста поради своите настојувања ја прошири трговската соработка со земјите од руското соседство.
Досега од Москва во Киев пристигнале 3 милијарди долари, но следната транша ќе пристигне кога ќе биде формирана новата влада и откако украинскиот оператор „Нафтогас“ ќе ги подмири долговите за гас.
-Секако дека овие случувања, направија голема економска штета на земјата, но во моментов , најбитно е да се одржат нови избори, оценува украинскиот аналитичар Гороковски.
За оваа тема во Радата, украинската опозиција ги понуди предлозите, како да се излезе од кризата. Во исчекување дали Јанукович ќе ја донесе одлуката за распишување на вонредни парламентарни избори ,илјадници демостранти и натаму кампираат на киевскиот проштад на независноста и во зградите на владата што ги зазедоа минатата недела.
Мирјана Василева
