Браќа од Косово уапсени во Германија поради план за напад за Божикните празници
23.12.2016 10:51
Агенцијата за внатрешно разузнавање соопшти дека е зголемен бројот на салафисти во земјата.
Двајца браќа од Косово се уапсени во Германија поради план за терористички напад. Агенцијата за внатрешно разузнавање соопшти дека е зголемен бројот на салафисти во земјата.
Регистрирани се околу 9.700 приврзаници на конзервативното толкување на исламот. 890 луѓе заминале да се борат на фронтот на Исламска држава, од кои 20% се жени.
Пред неколку дена во Берлин, Тунижанец со камион удри во толпа луѓе на Божикниот пазар, при што загинаа 12 лица, а неколку десетици беа повредени.
