Годишна прес- конференција на Путин, акредитирани 1.400 новинари
23.12.2016 11:04
Настанот беше презакажан поради погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, убиен во Анкара.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи традиционалната годишна прес-конференција за која се акредитирани над 1.400 новинари од целиот свет.
Настанот беше презакажан поради погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, убиен во Анкара.
Најдолгата прес-конференција е одржана во 2008-та година, кога рускиот претседател за четири часа и 40 минути одговори на повеќе од 70 прашања.
