Прегласување во Теарце: Од полноќ изборен молк

23.12.2016 11:11

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ги извести радиодифузерите дека врз основа на Решението од ДИК за повторување на гласањето на гласачкото место број 2011, во општина Теарце од вечерва по полноќ, заклучно со 19 часот, на 25-ти декември, важат правилата за изборен молк.

Од вечер на полноќ до недела до 19 часот е изборен молк во пресрет на повторувањето на гласањето во недела во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените паралемнтарни избори.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ги извести радиодифузерите дека врз основа на Решението од ДИК за повторување на гласањето на гласачкото место број 2011, во општина Теарце од вечерва по полноќ, заклучно со 19 часот, на 25-ти декември, важат правилата за изборен молк.

За време на изборниот молк, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати.