Осомничениот напаѓач од Берлин убиен во престрелка во Милано
23.12.2016 12:04
Италијанските полицајци биле на рутинска патрола кога го забележале лицето. Отпечатоците на прстите се совпаднале со осомничениот за берлинскиот напад.

Полицијата во Милано го уби тунижанецот Анис Амри, осомничен за нападот на Божикниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 цивили. Италијанските полицајци биле на рутинска патрола кога го забележале лицето. Отпечатоците на прстите се совпаднале со осомничениот за берлинскиот напад.
Според Агенцијата за внатрешно разузнавање на Германија, бројот на салафисти е драстично зголемен. Регистрирани се околу 9.700 приврзаници на конзервативното толкување на исламот. 890 луѓе заминале да се борат на фронтот на исламска држава, од кои 20% се жени.
