Австралиската полиција уапси петмина за планирање терористички напад во Мелбурн

23.12.2016 12:23

Четворица од приведените се по потекло од Либан, а родени во Австралија, а петтиот е од Египет.

И австралиската полиција уапси петмина за планирање терористички напад во центарот на Мелбурн за време на божикните празници. Четворица од приведените се по потекло од Либан, а родени во Австралија, а петтиот е од Египет.

„Уапсените планирале напад на прометни локации, како што се железничката станица, Плоштадот на Федерацијата и катедралата Свети Павле. Биле инспирирани од пропагандата на Исламска држава и самите се радикализирале“, изајви Греам Ештон, началник на полицијата во Викторија.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус најави распоредување на дополнителни полициски единици за новогодишните празници.