Киднапиран либански авион

23.12.2016 13:14

Двајцата киднапери се заканиле дека ќе активираат бомба. На терен се пратени тимови за брза интервенција.

Либиски авион Ербас 320 со 118 патници и членови на екипажот е киднапиран и присилно слетал во Малта. Двајцата киднапери се заканиле дека ќе активираат бомба. На терен се пратени тимови за брза интервенција.

Авионот на „Африка ервејс“ сообраќал на внатрешен лет во Либија на реалција Себха-Триполи.

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат на Твитер објави дека бил „информан за ситуацијата со киднапирање на авионот, кој извршувал внатрешен лет во Либија“. Во тек е операција за справување со оваа вонредна ситуација, одаде Мускат.