Подобрена безбедноста на складот за оружје „Еребино“

23.12.2016 13:49

Обновена е оградата околу складот, поставена е нова влезна порта, обезбедени се прозорците и вратите, надградена е електричната инсталација и е набавена опрема за видео надзор.

Заврши проектот за подобрување на безбедноста на главниот склад за муниција за мало и лесно оружје во Еребино. Зголемената безбедност е направена според меѓународните стандарди, како што се наведува во соопштението од одбраната.

Обновена е оградата околу складот, поставена е нова влезна порта, обезбедени се прозорците и вратите, надградена е електричната инсталација и е набавена опрема за видео надзор.

Проектот, финансиран од Европската унија чини 255 илјади евра. УНДП лани спроведе сличен проект финансиран од ЕУ вреден 270 илјади евра за подобрување на главниот склад за вишок оружје и муниција на Министерството за внатрешни работи во Орман.