СДСМ потсети на декемвриските случувања во 2012-та година во Собранието
Заев рече дека ќе практикуваат демократска и праведна власт, при носењето на буџетот ќе има јавна дебата со претставници на опозицијата.

Ден пред изборниот молк, СДСМ и коалицијата потсетија на 24-ти декември и на случувањата во законодавниот дом во 2012-та година. Заев рече дека ќе практикуваат демократска и праведна власт, при носењето на буџетот ќе има јавна дебата со претставници на опозицијата.
„Не само што нема да се затвориме за јавноста, туку ќе бидеме целосно транспарентната и одговорна власт на граѓаните на Македонија, на што се обврзавме со нашиот План за живот во Македонија. Овој 24 декември, ден на насилството на една неодговорна и несериозна власт која посегна по новинари и пратеници, го оставаме во црната меморија на Македонија, исто како и режимот што го победивме со пенкало и глас. Имаме одличен европски Устав - Уставот ќе се почитува. Во Уставот и законите е дефинирана употребата на јазиците. Со овие постигнати вредности и со целосно имплементирање на Охридскиот рамковен договор од секој аспект Македонија има силен ветар во грб да се посвети на потребите на граѓаните“, истакна Заев.
Ја осуди реториката против невладините и амбасадорите, изјави дека ќе почекаат да заврши изборниот процес за да разговараат за формирање парламентарно мнозинство.
