Метео: За викендот сончево, температура до 13 степени

23.12.2016 15:12

Стабилното време со повисоки температури ќе потрае до средина на следната седмица, а потоа се очекува засилен северен ветер...

За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Стабилното време со повисоки температури ќе потрае до средина на следната седмица, а потоа се очекува засилен северен ветер, пониски температури и услови за слаби локални врнежи од дожд и за појава на слаб снег.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска