Малта: Крај на заложничката драма, киднаперите се предале
Ослободени 118-те патници и членови на екипажот од либискиот авион кој беше киднапиран претпладнево. Леталото на компанијата „Африкаја ервејс“, под закана за бомба, принудно слета во Малта.

Киднаперите на патничкиот авион којшто беше киднапиран на лет од Либија и пренасочен кон Малта се предале. Информацијата ја потврди премиерот на Малта, Џозеф Мускат и додаде дека откако биле претресени, биле приведени во полиција на натамошно испитување. Заложничката драма траеше неколку часа, а патниците, меѓу кои биле и жени, деца и едно бебе, биле ослободувани во групи.
Едниот од киднаперите за Либиска телевизија изјавил дека е лидер на прогадафиевска партија, и според патниците во авионот, барал да се основа таква партија во таа земја. Дел од медиумите, пак, пишуваа дека киднаперот, инаку приврзаник на Мохамед Гадафи наводно барал да се ослободи Саиф Ал Ислам, синот на Гадафи од затвор. Според информациите. Пилотот на авионот долго време се обидувал да ги убеди киднаперите да слетаат во Триполи, меѓутоа кога се заканиле дека ќе се разнесат со бомба, тој бил принуден да го пренасочи леталото кон Малта.
Авионот од типот „Ербас 320“ со 118 патници и членови на екипажот беше киднапиран на лет од Либија и пренасочен кон Малта каде што слета. Последното големо киднапирање на авион на Малта се случи во 1985 година кога „Боинг 737“ на компанијата „Египет ер“ бил насочен од Египет кон Малта. Речиси 24-часовната драма завршила со масакр кога 62-ца египетски командоси влегле во авионот убивајќи двајца од киднаперите.
Пред 43 години, тогашниот премиер на оваа островска држава, Дом Минтоф успеал да преговара и да ослободи 247 патници и осум стјуардеси кои биле држени како заложници од страна на палестински терористи. Тие го киднапирале авионот кој полетал од Ирак, а се согласиле да ги ослободат киднаперите во замена за гориво. Авионот потоа повторно полетал од Малта, но кидаперите набргу се предале.
Марина Автовска
