ДИК: Во Теарце излезеноста на денешното гласање 56,30 проценти
25.12.2016 23:03
На избирачкото место 2011 во Теарце од запишани 714 гласачи во Избирачкиот список гласале 402, односно излезеноста е 56,30 проценти.
На денешното прегласување на избирачкото место 2011 во Теарце од запишани 714 гласачи во Избирачкиот список гласале 402, односно излезеноста е 56,30 проценти.
Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 149 граѓани, за СДСМ и Коалицијата 245, ДУИ, ДПА и Алијансата за Албанците освоиле по 1 глас, а ВМРО за Македонија 2 гласа.
