Состанок за загадувањето на воздухот во Скопскиот регион
Експертите потенцираат дека две најголеми причини за загадувањето се печките во домаќинствата и издувните гасови од возилата. Индустриските капацитети учествуваат со 20 проценти во загадувањето.

Градоначалниците денеска ќе разговараат за загадувањето на амбиенталниот воздух во скопскиот регион. Средбата е на покана на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Експертите потенцираат дека две најголеми причини за загадувањето се печките во домаќинствата и издувните гасови од возилата. Индустриските капацитети учествуваат со 20 проценти во загадувањето.
Од 900 до 1.000 смртни случаи се резултат на зголемената аерозагаденост во земјава, а Македонија е петта во Европа по стапка на смртност од загаденоста на воздухот преку ПМ10 честичките, информираат надлежните
