Засечени бадниковите гранчиња на Водно

26.12.2016 10:22

Во пресрет на православниот Бадник, на јужните падини на Водно засечени бадниковите гранчиња, и се одржа традиционална средба на Скопјани со новиот кум и здравичарот. Централното одбележување на Бадник е на 6-ти јануари на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Бадниковото гранче нека донесе здравје, среќа и радост во секој дом порачаа новиот кум Радко Манов и здравичарот Љубиша Николиќ.

Се чувствувам среќен и исполнет во изминатава година а истото го посакувам и на новиот кум , здравичарот и на сите верници во пресрет на најголемиот христијански празник божик - истакна минатогодишниот здравичар Драган Мијалковски.

Центреалното одбележување на Бадник ќе се случува на 6- ти јануари пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

 

Билјана Јанакиеска