Ден на жалост во Русија, продолжува потрагата по патниците

26.12.2016 10:25

Во операцијата се вклучени 32 брода, 80 нуркачи, пет хеликоптери, дронови и подморница на далечинско управување. Во тек е истрага за причините за падот на леталото.

Рускиот министер за сообраќај Максим Соколов соопшти дека продолжува потрагата по патниците во авионот што се урна во Црното Море на крајбрежјето на Сочи. Во операцијата се вклучени 32 брода, 80 нуркачи, пет хеликоптери, дронови и подморница на далечинско управување. Во тек е истрага за причините за падот на леталото.

„Комитетот истражува различни теории. Се анализира цел спектар и секоја можна причина која можела да ја предизвика несреќата. Се уште е рано да се зборува за терористички напад“, изјави Соколов.

Претседателот Владимир Путин прогласи ден на жалост во Русија. Осве воени лица, со авионот патувале и воениот ансамбл „Александров“ и новинари.